Сафет Сушиќ поднесе оставка

Неотповиклива оставка поднесе и сега веќе поранешниот селектор на БиХ, Сафет Сушиќ.

„Дуелот против Иран е последниот во мојата селекторска кариера. За жал, јас повеќе нема да бидам селектор на БиХ, нема да бидам предводник на овој тим, ќе нема уште еден натпревар. Убаво е чуството кога си слободен, кога немаш ниту една обврска. Јас сум господар на мојата судбина и ова е мојот конечен одговор. Многу ми е жал за тие кои имаа големи очекувања, кои беа убедени дека БиХ ќе обезбеди пласман во следната рунда. Моравме да одиграме подобро, имав на располагање одлични фудбалери. Сега не е време за да се замараме со тоа што се има случено во Бразил, мора да гледаме само напред, да се фокусираме на квалификацискиот циклус за ЕП 2016. Го немаме потребното искуство, тоа е најпотребно во најважните моменти од натпреварот”, изјави Сушиќ.