Сагадин заработи отказ, Врба Стефанов нов кормилар на МЗТ Скопје

Поразот од Фени Индустри очигледно ја прели чашата, па раководството на МЗТ Скопје му врачи отказ на Змаго Сагадин.

„Симоновски и Зивчевиќ најмногу ме разочараа. Не ги познавав добро, но сметав дека можат добро да се вклопат во моите замисли. Марко почна бриијантно (со деветте тројки на првиот меч против Мега визура – н.з.), но веднаш се изгуби и не одигра ништо на следните средби. Ненад, пак, досега не покажа ама баш ништо. Во МЗТ Скопје имав малку време за да создадам шампионски состав. Мојата замисла беше во првиот дел од сезоната да ги сиправаме грешките, а за 4-5 месеци да израснеме во сериозен колектив подготвен за високи дострели. Како некој страв да се вовлече кај играчите, и тоа беше причина за поразот од Фени И.“, изјави по синоќешната средба Сагадин.

Неговото место ќе го завземе довчерашниот тренер на младинската екипа, Врбица Стефанов. Веднаш по отказот на Сагадин, раководството на тимот од Аеродром достави понуда до популарниот Врба, кој задоволен од понудените услови, веднаш прифатил.

До пред неколку дена Врбица Стефанов работеше со младите категории на МЗТ Скопје, но поднесе оставка на таа функција поради несериозноста и непочитувањето на младите кошаркари.