Сахара: Пронајдени тела на 34 мигранти, од кои 20 деца

Тела на 34 мигранти меѓу кои 20 деца, беа откриени во пустината Сахара на територијата на Нигер, откако  биле оставени од спроведување на група шверцери со луѓе.

Според податоци на Министерството за внатрешни работи на Нигер, меѓу загинатите кои ги загубиле животите меѓу 6 и 12 јуни има 9 жени, 5 мажи и 20 деца.

Градот Агадес во северниот дел од Нигер е меѓу главните пунктови за мигранти кои се обидуваат да ја преминат Сахара за да дојдат во Европа преку Либија.

Според ИОМ, во минатата година над 120.000 луѓе минале низ градот. Организацијата регистрирала 37 смртни случаи на мигранти кои загинале во пустината во 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.