Шахпаска не се плашела, ама полиција и ја чува куќата

Јас воопшто не се плашам. За ваша информација, изминатите два дена заради тоа што не бев во можност да се вратам во градот во којшто живеам, престојував во зграда во Скопје и ниту побарав, ниту пак забележав полициско обезбедување во мојата околина. Ваков одговор даде пратеничката Јагода Шахпаска на новинарско прашање Дали побарала полициска заштита како последица на тоа што го гласала Законот за јазиците.

Но, Шахпаска ја лаже јавноста и граѓаните во Република Македонија.  На социјалната мрежа Фејсубк е објавена слика од семејната куќа на пратеничката Шахпаска, во Берово е забележано полициско присуство.

Исто така Шахпаска рече дека немала никаква препорака за кон неа и кон пратениците на СДСМ за тоа како да се однесуваат во јавност и дека не чуствуваат никаков страв. Но вчера пратеникот на СДСМ, Ферид Мухиќ јавно кажа дека било договорено да не излегуваат во јавност се со цел да не „иритираат“.

Па оттука се поставува прашањето ако Шахпаска не се плаши за својата безбедност зошто има полициско присуство пред нејзината семејна куќа во Берово? И дали присуството на полицијата пред домовите на пратениците на СДСМ е доказ дека тие се плашат за својата безбедност?Ако ја уживаат поддршката од граѓаните на Република Македонија зошто воопшто да имаат полиција пред нивните домови?

Судејќи по гневот на социјалните мрежи и по реакциите во јавноста ова е доказ дека граѓаните на Република Македонија беа на најдрзок начин излажани од СДСМ во предизборната кампања.

Граѓаните и јавноста наместо за двојазичност гласаа за реформи, поголеми плати, вработувања, подобар стандард и подобар живот. Ова е грешка што скапо ќе ги чини Зоран Заев и сите оние кои гласаа за овој Закон за двојазичност.