Сајковски: Избирачкиот спиок покажа дека нема фантомски гласачи

Апсурдни беа тврдењата за фантомските гласачи, изјави поранешниот член на ДИК Влатко Сајковски, како коментар по заклучувањето на избирачкиот список од страна на ДИК, за изборите закажани на 11-ти декември.

-Апсурдни беа тврдењата дека има 500.000 гласачи што не треба да се најдат на избирачкиот список. Сегашниот изглед на избирачкиот список ќе содржи и фотографии на секој гласач што ќе му даде дополнителен кредибилитет на избирачкиот список, вели Сајковски.

Тој додаде дека еднаш и засекогаш мораат да престанат нападите врз избирачкиот список, кои пак, во континуитет се појавуваат при недостаток од резултати.

-Еднаш засекогаш да престанат оние напади врз избирачкиот список од страна на оние политички играчи коишто не ги добиле очекуваните резултати за нив. Тоа е несериозно за Македонија и за нормално функционирање на изборниот процес во целост, апелира Сајковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.