сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Сакајте си го телото: Цитати кои ќе ви помогнат да си го засакате телото

zena

Последни вести

Прочитајте го ова нареден пат кога ќе ви падне самодовербата или после лош ден!

Не би требало да чувствувате притисок од страна на модната индустрија која налага дека мора сите да бидеме слаби, зашто тие само сакаат моделите да изгледаат налик човечки кукли. Мора да запаметите дека практично и не е возможно обична жена да изгледа така. Конфекциската големина нула е посебна област која се однесува на кариерата во модната индустрија, затоа не ни треба да се обидувате да бидете како моделите. Тоа релано не е ни здраво – Ријана

Сите девојки се преубави – од слаби, крупни, ниски, премногу високи до оние кои имаат порцеланско лице. Не е лесно да го прифатиме овој факт бидејќи луѓето уште ја ставаат својата убавина во една ограничена, тесна кутија.  Но време е да мислите надвор од неа. Ветувам дека кога ќе се погледнете во огледало, ќе пронајдете единствена убавина. – Тајра Бенкс

Самодовербата е секси. Се чувствувам добро во своето тело и не се плашам да го покажам – Софија Вергара

Се водам по советот од мајка ми: грижи се кожата постојано да ти е хидрирана и добро спиј. А она што е навистина важно е да бидеш прекрасна личност. – Џесика Алба

Голем број од жените би сакале да имаат слабо тело, но јас не сакам да имам тело на дете. Всушност, важно ми е да имам женствено, витко тело, бидејќи тоа е многу посексапилно. – Ешли Грин

Најчитани вести