Сакал да го исчисти плугот, но го прегазил тракоторот

трактор

И.А. се обидел да го запре со раце, но бил соборен на земја, по што тракторот му поминал преку левата страна од градниот кош и ногата. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски,“ каде му биле констатирани телесни повреди по што бил задржан во одделот за Интензивна нега на понатамошно лекување. Полициски службеници од ПС-Чаир не излегле на местото на настанот, бидејќи член на семејството на И.А. го пренел тракторот од нивата во неговиот дом.