Сакал да ја силува поранешната девојка

Жител на село Скудриње ја претап својата поранешна девојка и се обидел да ја силува, вчера во Ростуше, информираше МВР.
Случајот во полицијата околу 18.30 го пријавила 18-годишна девојка од гостиварско село, во присуство на нејзиниот татко.

Според неа, истиот ден околу 17 часот, нејзиното поранешно момче Р.А. (18) од Скудриње се обидело да ја силува. Додека била со другарките дошол Р.А. и започнал расправија, по што и физички ја нападнал и со употреба на сила ја однел до блиската шума. Таму се обидел да изврши полово дејствие. Во намерата го спречил М.М., кој го повикал нејзиниот татко.

Полицијата го привела Р.А. и работи на целосно расчистување на случајот.