Сакал да ја убие девојката, па случајно се самоубил

Аргентинецот Анибал Фернандез тргнал да ја убие својата поранешна девојка, но пушката што ја носел испукала додека ја прескокнувал оградата и го убила, јавуваат тамошните медиуми.

На снимките што се појавија на интернет се гледа безживотното тело на Фернандез како виси на оградата. Инцидентот се случил во местото Генерао Пињеи , пишува “Дејли мејл”.

Како што пишуваат локалните медиуми, Фернандез отишол во домот на поранешната девојка Карина Карабахал и зел пушка со него со намера да се справи со неа и нејзиниот нов љубовник Даниел Кампос.

Напаѓачот наводно влегол на имотот на Карабахал и по жестока расправија испукал четири куршуми кон Кампос во рацете и градите, по што избегал од куќата. Тогаш девојката слушнала уште еден истрел и кога излеггла надвор го видела Фернадез како виси на металната ограда.
Фернандез починал на самото место, но Кампос чудесно преживеа благодарение на брзата итна интервенција и моментално се опоравува во болницата.