Сакал да регистрира возило со фалсификувани документи

З.Т.(42 ) од Прилеп О.А.(48), Г.Т.(54)  и Ш.Р. 36)  тројцата од Скопје добија кривична пријава бидејќи фалсификувале исправа, додека  O.А. и Г.Т. сториле и кривично дело  „измама“, а Ш.Р. е пријавен и за „поднесување лажни докази“.

Во текот на 2014 година, откако O.А. и Г.Т. го довеле во заблуда Ш.Р., ветувајќи му дека, за одреден паричен надомест, ќе му обезбедат комплетна документација за регистрација на возилото кое го купил со  германски регистарски таблици во 2000 година. Тие побарале од З.Т. да направи фалсификувана потврда за сообразност, која Ш.Р., иако знаел дека е фалсификувана,  ја употребил како вистинита во „Автосатар еден“ ДООЕЛ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.