четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Сакал со нож да ја убеди поранешната девојка да му се врати

Вистинска драма се случувала синоќа на полноќ на улицата „Среќко Пужалка“ во скопско Ченто.

нож

Поврзани вести

Додека шеснаесетгодишно девојче било само дома, дошло, исто така, 16- годишно момче, нејзин познаник, со кого до пред извесно време била во љубовна врска. Тој држејќи нож во рака, влегол преку незаклучената врата.

Најпрво и го искршил мобилниот телефон за да не може да повика полиција, а потоа седел речиси до 0:50 часот обидувајќи се да ја предомисли за повторно да бидат заедно. Девојчето се обидело да го оттурне од себе при што се здобила со две површински расекотини од нож на десната рака, а од ударите со тупаница и нанел и повреди на главата.

Напаѓачот изреволтиран, со ножот оштетил телевизор, го искршил лаптопот и ја оштетил влезната врата, по што заминал од местото на настанот. Веднаш потоа девојчето отишло на лекарски преглед во Ургентениот центар Скопје.

По констатираните телесни повреди ибила пуштена на домашно лекување. Во 4:25 часот во полициската станица Гази Баба, заедно со нејзините родители, го пријавила случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести