Сакал со бомба да го разнесе српскиот претседател Николиќ

Извесен Тихомор Ѓ. се обидел со бомба да го разнесе српскиот претседател Томислав Николиќ.

Тој прво се јавил од мобилен телефон во кабинетот на претседателот и се претставил како Жика Николиќ. Обезбедувањето му рекло дека Претседателот има овбрски и не може да го прими, а тој се разбеснел почнал да вика дека ќе фрли бомба на зградата. Потоа ја прекинал врската.

На овој повик никој од обезбедувањето не обрнал внимание се додека по три часа човекот не се појавил пред зградата на Андриќевиот венец.

Обезбедувањето мислело дека е тоа еден од вообичаените повици на граѓаните и го привеле во полиција откако извесен период се убедувале на врата да не пробува на сила да влезе.