Сакала да го изненади сопругот, а тој побарал развод

Маж од Саудиска Арабија побара развод од својата сопруга откако таа му приредила изненадување – видео снимка на која се гледа како таа вози автомобил.

Жената сакала само да го изненади својот сопруг, но се тргнало во спротивен правец. Во барањето за разводот мажотнавел дека сака да се разведе од сопругата бидејќи ги прекршила законите и обичаите.

Во Саудиска Арабија возењето автомобил им е строго забрането на жените, што во неколку напрати  предизвика демонстрации на храбрите жени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.