Сакале да му помгнат, а тој ги прободел со нож

Две момчиња од скопската населба Аеродром кои вечера беа прободени со нож во скопско Ново Лисиче,  околу 1 часот по полноќ излегле да џогираат и движејќи се по булеварот Видео Смилевски Бато сакале да стигнат до кејот на Вардар.

Во тој момент, пред една од зградите  забележале  момче како лежи на плочникот и повраќа. Застанале со намера да видат што се случува и да му помогнат.

Се претпоставува дека момчето било под дејство на алкохол. Кога се доближиле и го прашаел како да му помогнат , тој станал, извадил нож и ги пробол.

Едно од момчињата било погодено во артерија и изгубило многу крв. Другото момче поминало со полесни повреди.