Сакале да шверцуваат цигари во Англија

Царинската управа спречила шверц на 70 штеки цигари, откриени во три одвоени случаи на Интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на чекираниот багаж на тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата.

Според Царината, во првиот случај, во куфер на патник кој имал намера да отпатува со лет за Малме, биле пронајдени 30 штеки цигари со македонски акцизни маркички. Во вториот случај во куфер на патничка која патувала за Лондон имало 10 штеки цигари без акцизни маркички.И при контрола на куфер на патник кој исто така имал намера да отпатува за Лондон, биле пронајдени 15 штеки цигари со македонски акцизни маркички.

Во сите три случаи цигарите се привремено задржани, а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.