Колумни

„Сакам да кажам“ за Горанче

„Сакам да кажам“ за Горанче

Дежурниот експерт „Сакам да кажам” Горанче од „Вест“ редовно секоја недела има да раскаже по некоја „жута“ скопска приказна и редовно во секоја од нив си го самозадоволува своето его, на нели голем новинар кој е факман за секоја прилика и лек за секоја личност. Не се трудам да го следам, но барем ќе се обидам да раскажам по некој скопски муабет што се врти за Горанче од „Вест“.

1. Дека нели го бивало во бизнисот, се кажува дека Горанче подеднакво го бивало и за упикување на познати скопски бизнисмени. Па, така Трифун Костовски му се чинел на Горанче добар залак за влечење на некаква корист и така низ скопските муабети се збори дека со часови и часови му плачел на Трифун само да неговата „посилна страна“, неговиот брачен партнер и сопруга, влезе на работа во „Порцеланка“, за да потоа истиот Горанче кој нежно плачел пред Трифун го озборувал од зад грб, дека не го бивало, дека не се разбира од ништо и дека сите го искористувале поради некаква добивка.

Но, не е само Трифун. Втората жртва на Горанче бил Срѓан Керим, и се чини дека повеќе и од Трифун бил сардисан со упикување и плачење. Заедничко е што и Керим исто како и Трифун бил озборуван од зад грб од Горанче.

2. Но, има уште еден муабет кој говори за Горанче, а кој пак само квалитативно го опишува карактерот на оваа личност. Една пријатна вечер Горанче забележал дека познатото скопско друштво составено од Бранко Црвенковски, Наташа Савова и старосватот на Горанче, Јани Макрадули, седнале во скопската кафеана „Уранија“. Коментарот на старосватот Јани бил дека Горанче кружел упорно околу масата како „мачка пред парење“ само за да биде забележан и поздравен. Оваа реплика на Јани наменета за Горанче „Сакам да кажам“ е позната и многу често се употребува низ скопските кругови. Она што остана непознато е за што пак ли сега сакаше да се изгребе и да извлече корист.

Но, Горанче не верувам дека паднал во депресија поради шут картата од ова друштво, бидејќи ако не е тука СДСМ-овското друштво да помогне тука е кумот Дончо и џокерот Штерјо кои секогаш помагаат кога ќе се почуствува несигурно. Што би рекле скопјани знае каде гребе мачката.

3. Се збори дека Горанче има уште една пасија, која ја дели со повеќе нему блиски личности. Тука се неговите неразделни дружби со Вања Битуљану, според многумина со исти ставови, погледи и чувства кон ЛГБ популацијата, како и со Ацо Кабранов и нивниот вечен натпревар за тоа кој има по шарени чорапчиња. Освен ваквите специфични погледи делат уште една пасија, желбата за пари.

4. Го читам Горанче како ни кажува дека мака мачел да го направи „Вест“, колку тој работел, демек останатите на тацна нешто добиле во животот. Но, заборава да каже дека цел живот се гребе и зема готови пари, никогаш за ништо не се борел, искрено без ракавици, со пот и чест, а сега со леснотија се исмева и критикува се’ што укажува и може да посочи на неговиот комплекс на пониска вредност. Тој комплекс е посилен од секоја критика што може да ја добие. Лесен е тој живот кога и за патики како Горанче можеш да тропнеш на благајната на МПМ и да земеш пари, па дури и пари за патувања на монденски места, што Горанче ги прави те со својата сопруга, те со своите машки пријатели. Но, не сите ја имаат лукавоста, двојниот морал, и дволичноста на Горан. Поважна е вистината. Двојниот морал ќе се заборави.

П.С. Има и неколку други скопски муабети. Но, поради експлицитноста и чуствителноста нив да ги оставиме за друга прилика.