Сакам сите да се муслимани и да го задоволат Алах!

На 30 километри од Хрватска, во селото Горна Маоча во БиХ се населуваат вахабисти. Во ова село живеат околу 20 семејства кои потполно се отсечени од светот.

Во текот на целиот ден и навечер има патроли кои ги легитимираат жителите, а она што е интересно е дека кога ќе влезете во селото немате мрежа на мобилниот телефон.

Меѓу вахабистите се наоѓа и Фикрет Зукиќ кој минатата недела е уапсен во полициската станица во Дамаск, чии синови моментално се наоѓаат во Сирија и се борат на страната на ИСИЛ.

– Доколку било кој од синовите умре како џихад, тој нема да биде прашуван за гревови. Така Алах наложи, да се биде таму без притоа да се поставуваат прашања. Значи доколку нешто им се случи, тоа би било во присуство на Алах. Доколку загинат, нема да ги жалиме, бидејќи веруваме дека тоа е желба на Алах, изјавил Фикрет за новинарската екипа на Проверено, на која им се насмеала среќата да успеат да влезат во селото.

Со Проверено разговарал и Јасмин Муштајбашиќ кој е уапсен по пукањето во американската амбасада под обвинение дека е соработник на Мевлудин Јашаревиќ.

– Поради ова што сум сега ја оставив куќата, станот и кариерата. Се за да бидам муслиман, признал пред камерата притоа истакнувајќи дека се ова вредело.

– Секако дека се исплати. Ова што го направив е пол погодок. Конечно сум среќен. Сакам целиот свет да бидат муслимани и да го задоволат Алах. Сакам целиот свет да бе исламски бидејќи на тој начин ќе имаме среќен свет, додал тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.