Сакате да ја видите повторно, еве на што треба да внимавате

Сигурно знаете дека на женското око ништо не може да му избега. Уште ако сте потенцијален додворувач, бидете сигурни дека треба да обрнете внимание на овие шест работи, бидејќи втора шанса ќе немате.

1. Став

Држење, начин на одење, стоење, како се однесувате со другите, е тоа што жените прво го приметуваат кај мажите. Жените сакаат мажи со самодоверба, но не и арогнатни, сакаат мажи кои се во центарот на вниманието, но не и претеруваат во тоа. Понежниот пол сака силни, но љубезни мажи кои се сигурни во себе.

muskarac-1405534061-41806

2. Изглед

Изгледот и е важен на жената, но не заборавајте дека убавината е во очите на набљудувачот, Ако на жена и понудите долг список на мажи меѓу кои треба да ги одберат оние кои се атрактивни, различни жени, ќе изберат различни мажи, високи, ниски, темнокоси, смеѓи, со пократка, подолга коса…Изгледот е навистина важен, но морате да знаете да оставите впечаток за да имате шанса за следни средби.

3. Однесување

Жените водат сметка за тоа како се однесувате. Како по правило, не сакаат арогнатни, агресивни или мажи со непристојни манири. Жените не сакаат мажот така да се однесува, поготово не во нивно присуство.

muvanje-u-bazenu-1406299895-42764

4. Како сте облечени

Поубавиот пол сака мажи кои водат сметка за себе. Една од првите работи на кои треба да обрнете внимание за време на првата средба е тоа што го имате на себе, дали е уредно и испеглано, дали добро ви стои, дали чевлите ви се чисти. Ниедна жена не сака маж кој е запуштен, валкан и чија облека лошо мириса. Водите сметка за тоа како изгледате, бидејќи жената тоа ќе го запамети.

piknik-1408111772-44294

5. Лош здив и мирис

Прашајте ги жените што е тоа што веднаш ги одбива кај еден маж и веднаш ќе го добиете одговорот: Лош здив, лош мирис на телото и нозете. Затоа користете деозодоранси, редовно бањајте се и мијте заби. Втора шанса нема да добиете и ќе бидете тргнати од листата на додворувачи.

6. Килограми

Не морате секој ден да одите во теретана, но поотрудете се секогаш да бидете во форма. Иако постојат жени кои сакаат и ги привлекуваат покрупни мажи, тоа не значи дека треба целосно да се опуштите и да го запуштите своето тело.