Сакате да ослабете, да престанете да пушите и пиете?

Најновото научно истражување носи неверојатни вести. Можете да ослабете играјќи Тетрис.

Вистинска класика меѓу игрите – Тетрис, кој е создаден далечната 1984 година може да ви помогне не само при отстранување на вишокот на килограми туку и во текот на процесот на одвикнување од цигарите и конзумирањето на алкохолни пијалаци.

Научниците тврдат дека е доволно само три минути дневно да се поминат играјќи тетрис за мозокот за тоа време  да заборави на грицките, алкохолот и цигарите.

А во пракса тоа изгледа така што во текот на сложување на тетрис мозаикот, мозокот губи врска со визуализација на храната и пороците од кои личноста сака да се откаже.

Ова е се’ потврдено во текот на експериментирањето на испитаниците во склоп на истражувањето спроведено на Универзитетот Плимот.

Половина од испитаниците кои ја добиле играта веднаш почнале да играат, додека другата половина чекала подолго време за да се вклучи играта. Првите, кои веднаш почнале да играат за 24 отсто почувствувале помала желба за пороци за разлика од другата половина.

Желбата за нешто вообичаено трае неколку минути. Доколку во тие неколку минути мозокот го окупираме со тетрис, желбата се намалува. Доколку мозокот мисли само на желбата нормално таа ќе порасне и е с’е потешко да се одолее на тоа што мозокот го визуелизира, тврди професорот Андраде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.