Свет

Сакате да работите за британското кралско семејство?

Сакате да работите за британското кралско семејство?

Бакингемската палата распиша конкурс за собар или собарка, а понудена е годишна плата во износ од 17.340 евра.

Кралската палата бара собар или собарка кој што ќе прави купки, ќе го одржува скапоцениот мебел и ќе има „многу изострено чувство за дискреција“, пишува денеска на страницата на британското кралско семејство.

Собарот или собарката „треба да се грижи за гостите, да им ги распакува куферите, да го одржува накитот, да подготвува купки, да помага во облекувањето и во носењето час и појадок“, пишува на кралскиот сајт.

Меѓу задачите е и одржување на теписите и подот на гостинските простории, мебелот, завесите, уметничките предмети, чашите и сребрениот прибор за јадење.

Работното време е 40 часа неделно за годишна плата од 17.340 евра, а покрај тоа ќе има обезбедено стан и храна.