вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 39

Сакате НАТО – добивате голема Албанија!

Поврзани вести

Една народна поговорка гласи:

„Рибата смрди од главата, но ја чистат од опашката“.

Пред да се расипе, македонската држава лошо мирисаше 27 години. Се менуваа луѓе, партии, влади, но до денес не се менуваше предавничкиот концепт за македонската држава. Од почетокот таа беше изградена на вазалски основи од луѓе со вазалска психoлогија. По осамостојувањето на Словенија, тогашната влада испрати покани до сите Словенци вработени во дотогашните структури на Југословенската федерација. Вклучително, до рамниште на телеграфисти и печатари во Белград. Тоа беа илјадници покани до Словенците да земат активно учество во управувањето на својата самостојна држава. Обратно, Македонија ја наполни прокламираната „самостојност, независност, сувереност“ со аутсајдерска содржина, со функционери кои не беа кадарни да напишат еден разумен Устав. И, затоа што беа некадарни, беа безр’бетници. Немаа самодоверба, храброст, визија за иднината. Во времето на Југославија старите македонски комунисти се понижуваа во однос на Белград, но цврсто се топореа во однос на Истокот и Западот, како и пред  македонските соседи. Отворено се бореа за тамошното македонско малцинство.

ПО 1991 ГОДИНА АУТСАЈДЕРИТЕ ОД ЛЕВО И ОД ДЕСНО СЕ ПОКАЖАА КАКО ДОДВОРУВАЧИ, ЛИГУШИ И ПРЕДАВНИЦИ ВО ОДНОС НА СИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА.

Уште во 2008 година напишав дека ВМРО-ДПМНЕ се одржува на власт само заради релативното бранење на македонското име (идентитет). Релативно, зашто вистинското бранење беше веднаш да се прекинат преговорите за името со Грција и да се поништи барањето за влез во НАТО и ЕУ.

ЗАТОА ШТО, ПО ОДБИЕНИОТ ПРИЕМ ВО БУКУРЕШТ, ЗА СЕКОЈ НОРМАЛЕН ЧОВЕК БЕШЕ ЈАСНО ДЕКА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ЗАТВОРЕН БЕЗ МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО (ИДЕНТИТЕТОТ). ДЕКА НАТО И ЕУ СЕ ПОВРЗАНИ, ТАКА ШТО ПРИКАЗНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЧЛЕНСТВО ЗАВРШУВА, АКО НЕ САКА ДА СЕ ОБЕЗЛИЧИ. ЗАТОА ПИШУВАВ ДЕКА АЛТЕРНАТИВА СЕ РУСИЈА И КИНА.

Уште тогаш се знаеше дека еден ден ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пад, не толку заради криминал (пред нив СДС крадеше како да им е за последно), колку заради ДЕФЕКТНИОТ КОНЦЕПТ. Западот (САД и нему потчинетата Европа) од 90-те години на 20-от век работи за Голема Албанија, што значи уништување на македонската држава, а ВМРО-ДПМНЕ се декларира за прозападна партија, бара членство во НАТО и ЕУ. СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА, ПРАКТИЧНО КАКО И СДС РАБОТИ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.

Каква е разликата мегу СДС и ДПМНЕ независно од тоа…

Најчитани вести