Сакеларидис: Најдоцна до 9-ти април Грција ќе ги исполни обврските кон ММФ

Грција ќе ги исполни обврските кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) до 9 април, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис, јави радио Атина, пренесе МИА.

Сакеларидис изјави дека преговорите, што Грција ги води со кредиторите го намалиле растојанието, и дека на нив е постигнато приближување на позициите. Тој изрази надеж дека во следните денови ќе има дополнителен напредок и дека наскоро ќе биде постигнат позитивен резултат на средбата на Еврогрупата, на кој ќе биде ратификуван и договорот за дополнителна финансиска помош.

Изјавата на владиниот портпарол доаѓа, откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Вуцис се закани, дека неговата земја ќе го одложи плаќањето, што треба да го направи кон ММФ на почетокот на овој месец.

Станува збор за кредит во висина од 450 милиони евра, што Атина треба да ги врати до 9 април.

фото: Newsbomb.gr