Сакид Кан е новиот градоначалник на Лондон

Сакид Кан е новиот градоначалник на Лондон
Сакид Кан е новиот градоначалник на Лондон

Кандидатот на опозициската Лабуристичка партија Сакид Кан стана нов градоначалник на Лондон со освоени 57 отсто од гласовите, покажаа утрово објавените официјални резултати, со што стана првиот муслиман на една европска престолнина.

Кан, син на возач на автобус кој емигрирал во Британија од Пакистан, освои вкупно 1.310.143 гласа, наспроти 994.614 гласови, колку што освои неговиот риивал Зек Голдсмит, мултимилионер и член на владејачката Конзервативна партија.

По кампањата во која го обвинуваа Кан за сочуство за исламските екстремисти, овој 45 годишен поранешен адвокат за човекови права во својот победнички говор вети дека ќе биде „градоначалник на сите граѓани на Лондон’.

– Се надевам дека пред нас никогаш повеќе нема да биде ставен избор меѓу два екстрема. Стравот не не прави побезбедни, туку послаби, а политиката на страв во нашиот град едноставно не е добредојдена, истакна Кан.

Кан во владата на Гордон Браун беше министер за заедници, а подоцна министер за сообраќај.

За себе вели дека е „муслиман, Британец и Европеец“.

– Јас сум Британец. Имам пакистанско потекло, татко сум, сопруг, навивач на Ливерпул, изјави Кан.