Шакира и синот плачеа откако Италија ја порази Шпанија

Сопругата на Жерар Пике, пејачката Шакира, ја бодреше Црвената фурија од ложата заедно со семејството, синовите Милан (3) и Саша (1).

Италија обезбеди место во четвртфиналето на Европското првество со победата 2-0 и така го исфрли од понатамошното натпреварување европскиот и светски првак Шпанија.

Колумбиската пејачка не можеше да ги контролора емоциите во текот на натпреварот, а по завршувањето заплака и малиот Милан, што повторно ја натажи и расплака Шакира.

Расплаканите мајка и син натажија многу навивачи на црвената фурија, со која и денеска плаче цела Шпанија.

milan-place

sakira2-place

sakira3place