Шаклев: Дополнителниот заменик-министер нека дојде на мојата фарма да види за што добивам субвенции

Шаклев: Дополнителниот заменик-министер нека дојде на мојата фарма да види за што добивам субвенции
Шаклев: Дополнителниот заменик-министер нека дојде на мојата фарма да види за што добивам субвенции
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев ги негира вчерашните обвинувања на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за наводни делења субвенции по партиски клуч.

Како што стои во дописот, Шаклев го повикува секој што е заинтересиран да дојде кај него, на неговата фарма, и да види за што добил и како ги користи земјоделските субвенции.

– Им стојам на располагање на сите заинтересирани, посебно на дополнителниот заменик-министер и неговите советници, и ги поканувам да дојдат на мојата фарма, да видат за што добивам субвенции. На увид ќе им бидат дадени и сите документи за висината на поддршката и начинот на добивањето, од што ќе се види кој се служи со клевети и невистини и дали е тоа вистинскиот метод за добивање политички поени, вели Шаклев во писмена изјава до медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.