Спорт

Сакраменто и официјално го повлече дресот на Пеџа Стојаковиќ

Сакраменто и официјално го повлече дресот на Пеџа Стојаковиќ

Огромна чест му беше укажана на Предраг Стојаковиќ, откако неговиот поранешен клуб Сакраменто Кингс, го повлече дресот со бројот 16.

Еден од најдобрите шутери во историјата на “кингси”, кој за нив настапуваше од 1998-ма до 2006-та година е втор стрелец на клубот, веднаш по Мич Ричмонд. Стојаковиќ токму во Сакраменто го достигна зенитот на својата кариера, што му овозможи три настапи на ол-стар мечевите, а на два од нив ја освои наградата за најдобар шутер на тројки. Тој во сезоната 2003/2004 постигна вкупно 240 тројки, најмногу во лигата.

Популарниот Пеџа беше дел од славната генерација на Сакраменто, во која членови беа и Крис Вебер, Владе Дивац, Џејсон Вилијамс, Даг Кристи итн., која неколку сезони беше еден од најдобрите тимови на Западот и константно водеше војна со “лејкерси” кои беа предводени од тандемот Коби Брајант – Шекил О’Нил.

Stojakovic Jersey Retirement Ceremony (Low).mp4.Still001

На церемонијата присуствуваа голем број соиграчи и пријатели на Стојаковиќ, оддавајќи му признание за одличната НБА кариера која ја имаше.