Салах ќе го предводи Египет против Русија

Вечерва почнува второто коло од натпреварите по групи на Светското првенство, а домаќинот Русија игра против Египет, натпревар кој Африканците мора да го добијат по поразот против Уругвај. Русите, пак, со зголемена самодоверба го продолжуваат првенството по изненадувачи убедливата победа од 5:0 против Саудиска Арабија.

Сепак, и двете репрезентации се соочуваат со проблеми бидејќи кај Русија нема да настапи Алан Џагоев, кој се повреди на првиот натпревар и нема да биде во составот на „зборнаја“ вечерва и против Уругвај.  Но тој беше заменет од Денис Чернишев, кој постигна два гола на тој натпревар.

Од друга страна, неизвесен е настапот на Мохамед Салах за Египет, кој иако беше најавен за натпреварот со Уругвај не настапи. Салах е најавен во стартните 11, но не е сигурно дали тој ќе настапи.

Знаеме колку Салах е важен за нас, но Египет не е Салах. Имаме низа добри и важни играчи за нас, постојано вели стратегот на Египет,  Хектор Купер, иако и нему му е јасно колку значи играчот на „Ливерпул“ за неговата екипа.

И менаџерот на Салах на Твитер објави дека фудбалерот е подготвен и оти е добар.

Натпреварот почнува во 20 часот, а за Русија ќе настапат Акинфеев, Фернандес, Кутепов, Игнашевиќ, Жирков, Самедов, Зобнин, Газинскиј, Головин, Черишев и Смолов. За Египет се очекува да настапат Ел Шанави, Фатхи, Хегази, Габр, Шхафи, Елнени, Хамед, Салах, Трезегет, Саид и Мохсен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.