Салах против Суарез во дербито на групата А

Дербито на првото коло од групата А го отвора денешниот ден на Мундијалот во Русија. На „Екатеринбург арена“ во Екатеринбург во 14 часот ќе стартува натпреварот меѓу Египет и Уругвај. Ова за „Фараоните“ е прв настап на завршните турнири на СП по речиси три децении, а Уругвајците сакаат да ја прекинат  серијата без победа во премиерните мечеви на мундијалите од 1970 година.

Она што, сепак, е во фокусот на внимание е враќањето на Мохамед Салах, египетскиот бог на фудбалот, кој, според најавите, успеа навреме да се рехабилитира по повредата во финалето во Лигата на шампиони. Таквата вест, покрај нацијата, со воодушевување на прими и селекторот Ектор Купер.

Големо значење натпреварот има и за Луис Суарез, кој заедно со Единсон Кавани го прават еден од најсилните напаѓачки тандеми на првенството, бидејќи настапува за прв пат по казната од девет натпревари поради гризење на италијанскиот фудбалер, Џиорџо Киелини во Бразил пред четири години.

Во првиот натпревар од групата, Русија вчера ја декласираше Саудиска Арабија со 5:0.