Шаља: Нема ЗСО пред конечен договор меѓу Белград и Приштина

Заедницата на српски општини во Косово нема да биде формирана пред потпишување на конечен договор меѓу Косово и Србија, тврди Блерим Шања, политички советник на косовскиот претседател Хашим Тачи.

„Нема да има ЗСО без правно обврзувачки договор“, изјави Шаља за телевизијата Т7.

Тој тврди дека прашањето не може да се третира како посебен проблем и ќе биде вклучено како анекс на конечниот договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.