Шалке се пласираше во четвртфиналето

Фудбалерите на Шалке 04 се изборија во вторникот вечерта за настап во четвртфиналето од Германскиот ДФБ куп, откако на домашен терен го совладаа Келн со 1:0.

Средбата на второпласираната и последната екипа во Бундеслига го одлучи голот на Макс Мејер во 63 минута.

Фудбалерите на Штутгарт, пак, беа елиминирани по поразот кај Мајнц од 1:3, додека во четвртфиналето се проби третолигашот Падерборн.

Штутгарт поведе со голот на Кристиј Гентер во 42 минута, а во 52 минута неговиот соиграч не реализираше пенал. Мајнц сето тоа го казни со головите на Емил Бергерен во 62, Абду Дуиала во 71 и Суат сердар во 90 минута и со пресвртот се пласираше во четвртфиналето

Третолигашот СЦ Падерборн на домашен терен го совлада второлигашот Инголштад со 1:0, со голот на Бен Золински во 57 минута.

Во среда се среќаваат: Вердер Бремен – Фрајбург, Борусија Менхенгладбах – Баер 04 Леверкузен, Баерн Минхен – Борусија Дортмунд, а Ајнтрахт од Франкфурт му гостува на второлигашот Хејденхајм.