Свет

Салмонд: Шкотска ќе бара нов референдум за независност

Салмонд: Шкотска ќе бара нов референдум за независност

Шкотската национална партија (СНП) најверојатно ќе бара одржување нов референдум за независност на Шкотска, изјави денеска поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд откако граѓаните на Велика Британија се изјаснија за излез од ЕУ, додека мнозинството жители на Шкотска гласаа за останување во Унијата.

Тој во изјава за „Скај њуз“ оцени дека за Шкотска е „разумно“ никогаш да не ја напушти ЕУ, пренесува МИА.

На прашањето дали сегашната лидерка на СНП и прва министерка на Шкотска, Никола Старџен ќе инсистира на втор референдум за независност на Шкотска, Салмонд одговори дека таа сигурно ќе го направи тоа.

Старџен претходно денеска изјави дека Шкотска јасно покажала дека својата иднина ја гледа во рамките на ЕУ.