Свет

Салмонела беснее низ Европа

Салмонела беснее низ Европа

Освен листеријата светот е исправен пред предизвикот да се соочи со заболување и од саломонела. Регистрирани случаи на листерија има и во скандинавските држави, додека салмонелата пркоси на Австрија.

Четири нови случаи на листерија се откриени во Данска, известија вчера медиумите во оваа земја. Досега данската држава изброја 12 жртви за кои се смета дека причина е бактеријата, иако властите во оваа земја наведуваат дека сите тие имале и други болести, па ќе биде тешко да ја обвинат бактеријата за сите тие лица. Завчера нивното надлежно министерство објави дека имало сериозни пропусти во справувањето со кризата, а Агенцијата за храна и ветеринарство, во чија надлежност бил овој проблем, имала само еден вработен,  пишува „Дневник“.

Малку појужно, во Австрија, дури сега е во тек процесот против менаџерите на компанијата во чиј производ била најдена листерија, која се смета за виновник за смртта на четири лица во оваа земја во 2010 година.

Додека Данска и Македонија се борат со листеријата, Европа е исплашена од салмонелата. Во Велика Британија веќе се регистрирани повеќе од 156 случаи, кои според тамошните власти, најверојатно, се поврзани еден со друг. Дополнително, во Франција биле потврдени 49 случаи, а Австријците соопштија дека „епидемијата“ стигнала и до нив.