Салмонела е причина за труењето во Драчево

Бактеријата салмонела е причина за труењето со храна на 39  лица од Драчево, кои  јаделе сендвичи со плескавица, стек или тост од иста сендвичарница, а во сите сендвичи имало мајонез, потврдија здравствените власти.

Од заболените, 12 лица се хоспитализирани на возраст од 4 до 30 години, меѓу кои и една 29-годишна трудница. Состојбата на сите инфицирани ќе се следи и во следните неколку месеци за да се спречи натамошно ширење на бактеријата.

Сендвичарницата од која јаделе сите заболени е затворена од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Ова е трет пат овој објект да биде ставен под клуч бидејќи предизвикал труење со храна.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.