Салмонела е причина за труењето во „Седмица“

По извршените испитувања утврдено е дека труењето во сендвичарницата Седмица е предизвикано од храната, односно поради присуство на салмонела, објави А1 он.

Бројот на вкупно затруени од сендвичатницата во Карпош се 43 лица. Државниот здравствен и санитарен инспекторат најави кривична пријава против сопственикот на сендвичарницата.

Во издаденото решение се наведува дека треба да се спроведат антиепидемиолошки мерки по записник, потоа се прави повторно контролен надзор и во моментот кога ќе се добијат негативни сите потребни испитувања, објектот ќе се отвори.

Од министерството за здравство денеска информираа дека се пуштени дома четворица од хоспитализираните, кои пред неколку дена беа задржани на болничко лекување со симптоми на труење од сендвичарата „Седмица“ во Карпош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.