Шалтерите на Катастарот за недвижности нема да работат утре и задутре

Електронскиот шалтер и шалтерите во Центарот за катастар на недвижности нема да работат утре и задутре.

Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните и професионалните корисници дека утре и задутре електронскиот шалтер и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност – Скопје како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања и да издаваат податоци.

Следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата. По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти,ќе се зголеми безбедноста на податоцитеиќе се подобри брзинатана решавањето на предметите и издавањето на податоците, стои во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.