Салвини и Ди Мајо му возвратија на Макрон обвинувајќи го за лицемерство

матео салвини

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини остро му одговори на францускиот претседател Емануел Макрон на забелешката дека „популизмот како чума се шири низ Европа“, обвинувајќи го за лицемерство бидејќи Франција ја повикува Италија да го отвори пристаништата за имигрантите, а самиот Париз отвора резервоари за нафта и гас.

„Доколку Франција преземе имигранти од десет бродови од Либија, можеме да разговараме“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Матео Саливни, кој е челник на десната приотивдоселеничка партија Лига, а неолибреланите политичари омаловажувачки десницата ја означуваат со терминот „популисти“.

Салвини истакна дека следната седмица ќе замина на првото патување во Либија. Алудирајќи на Франција којашто на либискиот поранешен лидер Моамер ел-Гадафи му продаваше оружје и имаше огромни финансиски зделки со неговиот режим а потоа ги вооружуваше бунтовниците кои го ликвидираа и војуваше против неговите сили, порача дека оние коишто последните години заминуваа да прават немири во Либија, тоа не го правеле од хуманитарни причини.

„Некој замина во Либија бидејќи сака дома да донесе гас и нафта од оваа земја. И потоа ние ја плаќаме на нашите брегови цената на таа економска војна на оние коишто сега делат уроци. Французите ни кажуваат да ги отвориме нашите пристаништа, а тие ќе ги отворат своите за танкерите со гас и нафта. Зошто да не се смениме и да ги ставиме Италијанците во центарот на интересите“, запраша Салвини.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во четвртокот рече дека „популизмот се раширил низ Европа како болест против којашто Европејците би требало посилно да се борат наместо да ги критикуваат потезите на проевропските влади“ како неговата.

Макрон е под притисок бидејќи не го прифати бродот со имигранти од Африка „Аквариус“ кого претходно одбија да го примат Италија и Малта, што предизвика вербална војна меѓу Рим и Париз.

На изјавата на Макрон реагираше и потпретседателот на италијанската влада, Луиџи Ди Мајо, челник на антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди, кое е во коалиција со Лига, оценувајќи ги зборовите на францускиот претседател за „навредливи и неумесни“.

„Вистинска лепра претставува лицемерството на некој кој ги одбива имигрантите во (италијанско-француското погранично место) Вентимиља, и потоа ни држи лекции за светото право на рамноправно распоредување на имигрантите“, напиша на Twitter Ди Мајо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.