Самак: „Дрекслермајер“ најави 4.000 нови вработувања- сега имаат 6000, „Ван Хул“ имаа план од 400- сега има 800

Маркарт е ивестиција од 35 милиони евра, веќе имаат скоро 200 вработени. Ван Хул  имаат скоро 800 вработени, а во тој дел не спаѓа онаа експанзија која е најавена од нивна страна, рече министерот за странски инвестиции Веле Самак при денешниот отчет.

Леар е исто така значаен бидејќи не само што е во тетовскиот регион туку покажа доверба во екот на политичката криза , да потпише договор , моментално таму се вработени околу 200 лица во браунфилд, гринфилдот активно се финишира и треба да имаат околу 1.000 луѓе до крајот на оваа година.  За овие 2 години со сите проекти на кои работи мојот кабинет вработени се 3000 лица, само во тековните фирми. Иако има обиди за минимизирање на овој ефект од странските инвестици. Маркарт земаа две нови локации во Велес. Дрекслер маер најави 4000 нови вработувања сега имаат 6000, Ван хул имаат план од 400 сега има 800. Нема подобра знак дека фирмите се задолволни, рече Самак.