Интервјуа

Самак: Нови инвестиции и работни места остануваат приоритет на Владата

Самак: Нови инвестиции и работни места остануваат приоритет на Владата

Секое ново работно место во странска фирма отвора нова работа во домашна фирма. И обратно. Тие не може да се гледаат во изолација, вели во интервју за Курир министерот за странски инвестиции, Веле Самак.

Во странските компании коишто работат во низ Македонија и во слободните економски зони има креирано повеќе од 11.000 работни места. До крајот на годинава се очекува извозот да достигне повеќе од една милјарда евра од овие нови компаниите.

Сето ова се должи на успешните владини политики, министрите за странски инвестиции, засилените владини роуд-шоуа, силната посветеност на економските промотори и во најголема мера, на најповолната бизнис клима креирана од македонската Влада.

На овие теми и многу повеќе, разговаравме со министерот за странски инвестиции Веле Самак, еден од најголемите поборници кои од самиот почеток ја бранеа потребата за вакво делување.

Министре, се почесто инвеститори од сите страни на светот доаѓаат да инвестираат во Македонија. Изминатиов период беа најавени нови инвестиции во земјава. За какви инвеститори станува збор?

-Последнаца година- година ипол, имаме се позачестен број на посетители инвеститори и од се поширок број на земји. Тоа се должи пред се на успесите кои ги имавме овие неколку години во привлекување повеќе инвестиции. Ако ги погледнеме само бројките од 2007-ма до сега имаме над 2 милијарди евра прилив, нето странски директни инвестиции. Оваа година веќе сме до 176 милиони. Сето тоа се рефлектира на еден позитивен циклус. Покрај западно-европските земји се поприсутни се инвеститори од земји како Турција, Украина, Русија, Индија, и некои од азиските земји. Економските сектори во кои тие инвеститори се заинтересирани се пошироки. Покрај класичните како производствениот сектор, автомобилска индустрија, електроника, производство на апарати за домаќинство, градежништвото, се поприсутни се фирми кои гледаат и тип на аутсорсинг, како кол-центри, развој на софтвер итн. Во овие година ипол гледаме и се повеќе проекти од странски инвеститори за земјоделието. Тие се заинтересирани за поволната клима и почва кои ги има во земјава, претежно за производство на суровински материјали, а се повеќе се размислува и за преработка. Така да, имаме еден поширок домен на инвеститори во Македонија, рече Самак.

ivana-intervjuuu

Намалување на невработеноста каква што не прогнозираа ниту најдобрите еконономски експерти. Беше ли со ова остварена вашата примарна цел кога почнавте со владини роуд шоуа?

– Привлекувањето на странски инвестиции имаше и останува со главна цел отворање на нови работни места. Почнавме со една многу висока стапка на невработеност. Овие години таа стапка е намалена за 10 процентни поени. Тоа е резултат на вработувањата кај странските инвеститори и кај домашните фирми. Само од странските проекти кои се наведени и познати овие неколку години тоа се над 15000 нови работни места. Проекти во кои јас и кабинетот имаме работено се 9-10.000 работни места. Така да, тука сме доста задоволни од тој резултат и успех кој досега го имаме постигнато. Но, пред нас постојат уште огромни шанси за отворање на повеќе нови работни места. Она што го забележуваме е поголема соработка и иницијатива за поголема соработка меѓу домашните и странските фирми, така да гледаме секое отворање на странско работно место да го поврземе со отворање на некое работно место од домашна фирма. И обратно. Тоа не може да се гледа во изолација. Поттикнувањето на отворање на работни места останува главен приоритет, истакна Самак.

Ако погледнеме наназад имате 7 години работа за привлекување на инвеститори.. Но и тогаш и сега слушаме критики од опозицијата. Најгласни се обвинувањата дека работниците во новите фабрики имаат мали плати и ниски примања. Колку има вистина во сево ова и како одговарате на тие обвинувања?

-Точно така. За жал, овие години постојано сме на таа критика од опозицијата. Еден ден треба да кажат јасно кој е нивниот став- дали се ЗА или ПРОТИВ странски инвестиции. Она што го правеле до сега, аргументите кои што ги кажувале се дека тие всушност НЕ СЕ ЗА странски инвестиции. Претходно беше оправдувањето дека тоа што не сме членка на НАТО и ЕУ е голема пречка како и многу други слични причини. Упорноста си ги покажа резултатите. Имаме отворање на нови работни места ширум цела Македонија, така да тој аргумент повеќе не држи вода. Сега е ситуацијата кога се прашуваме- Имаме странски инвестиции кои не ни одговараат, според опозицијата. Тоа за нас е несомнено дека тие аргументи се поттикнати и од надворешни фактори. Гледаме дека сега аргументот им е „Добро, ако идат странски инвестиции, тие мора да дојдат со плати далеку повисоки од просекот во Македонија и автоматски тој животен стандард насекаде да се подобри“. Тоа повторно е еден небулозен аргумент. Факт е дека денес имаме над 15.000 жители во Македонија кои имаат работа, стабилна работа, со сите платени придонеси и надоместоци, кои ја немале таа работа пред година, две, три или пет години. Факт е дека се вработуваат и млади и повозрасни. Се вработуваат и луѓе со помало образование и со повисоко и дека има еден широк ефект од тие странски директни инвестиции. Фирмите, без разлика дали е тоа домашна или странска фирма, излегуваат на пазарот на труд со она што го нудат, со условите кои ги имаат и на тој начин обезбедуваат работни места. Исто така на секој граѓанин и кандидат е да процени и да види дали тоа што се нуди е соодветно, дали тоа што се нуди е она што се бара во тој момент. И така всушност функционира тој пазар на труд. Не може наеднаш да дојдеме од ситуација од 38 проценти невработеност, од земја која е непозната во многу места, да наеднаш еден прилив на странски инвестиции доведе до драстично зголемување на животниот стандард. Тие термини кои ги имаме слушнато дека всушност е прашање околу т.н. „македонски или германски стандард„ факт е дека тоа е само одвлекување од успехот кај странските директни инвестиции и ефектите кои ги имаат ширум македонската економија баш во оваа фаза на привлекувањето кое го имаме до сега, истакна министерот Самак.

samakkkk

Според вас, која е следната фаза во привлекувањето на СДИ и економскиот развој?

-Ние продолжуваме со истото темпо како и фокусот да обезбедиме прво уште се поширок спектар за отворање на нови работни места, затоа што се уште имаме една голема бројка на невработеност. Факт е дека со тек на време ќе дојде до зголемување на платите, така и на стандардите во цела Македонија. Секој бизнисмен и економист може да ви каже како се зголемуваат платите. Тоа е исклучиво со капитални инвестиции и зголемена продуктивност кај фирмите. Денес имаме ситуација во Македонија работната снага која е постоечка, се надградува знаењето, искуството и така натаму. Многу важно да знаеме во која фаза сме ние од целата економска активност на една од тие странски фирми. Денес во странските фирми во Македонија се произведуваат електронски делови, катализатори, цели автобуси, кабли и така натаму. Некој требало тие продукти да ги развие, да ги смисли, да го конструира, да направи прототип, па да проба да го продаде тој дел кај некој од нивните клиенти како „Мерцедес“, „BMW“ и така натаму и се да дојде до ситуација дека тој продукт е оној финален што му одговара на купецот и сега е прашањето каде е најефективно да се произведува тој дел. И ние сме како држава во тој сегмент моментално, последнио. Исто така, со тек на време, како нашите работници учат од квалитетно производство, начин на работа и се адаптираат, почнуваат да даваат сугестии и она што било во фаза на развој и дизајн полека се префрла во овие земји. Тоа е ситуација денес во Чешка, Словачка, Романија… Тие истражни дизајнерски повисоки функции полека се префрлаат. И кај нас тоа ќе се случи во следните 4-5 години, па можеби и 7 години, зависи од глобалните економски движење. Но факт е дека со тек на време ќе земеме се поголем залак од таа економска активност. Некои работни места ќе заминат, но она што ќе се случи е дека народот ќе стане попродуктивен, капиталните инвестиции од странските и домашните фирми ќе станат поголеми фактори и двигатели на нови работни места, поголеми кариери, и повисоки работни места. Тоа се тие сегменти низ кои мора Македонија да помине, не можеме да скокнеме наеднаш и да земаме сите најголеми плати и да прескокнеме цели циклуси. Тоа е едноставно невозможно. Но со постојано поттикнување на нови работни места кај странските и домашните фирми успеваме тој циклус да го носиме во права насока, образложи Самак.

Господине Самак и покрај сето ова што досега го напоменавте, вие не застанувате овде и големите успеси за вас се уште поголем мотив да продолжите понатаму. Што ви вели агендата? Каде продолжувате и кои се вашите планови?

-Моментално фокусот ни останува на некој од индустриите кои до сега сме ги привлекувале, автомобилска индустрија, електронска индустрија, производни и аутсорсинг сегменти. Се трудиме да видиме кои сектори кои порано сме ги ставиле на понизок приоритет од низа причини, економски сценарија и така натаму, да видиме дали повторно има можност да се привлечат и тука некои инвестиции и да видиме кои сектори, всушност, стануваат поактуелни за странски инвестиции. Всушност, сектори од каде фирмите пробале да релоцираат капацитети. Во периодов планирани се директни средби во Италија, Германија, во Белгија, а во 2015 продолжуваме со слично темпо. Генерално фокусот ни останува кај западноевропските земји и САД, заклучи министерот за привлекување на странски инвестиции во Македонија, Веле Самак.

http://www.makedonija24.mk/play/novite-stranski-investicii-i-rabotni-mesta-ostanuvaat-vrven-prioritet