Саманта до „Сексот и градот“ ќе старее достоинствено

Славната глумица Ким Катрал (59), која се прослави со улогата на Саманта во серијата и филмовите „Сексот и градот“, за разлика од нејзините колешки не е приврзаник на естетската хирургија.

Таа не се согласува да прави пластична операција, бидејќи не сака да изгледа 20 години помлада.

– Стареењето денес стана болест. На секој чекор се наоѓаат клиники кои се занимаваат со естетска хирургија во обид да го спречат стареењето, изјави актерката.

Според Ким, таа нема проблем со стареењето и планира да остари достоинствено.

– Се обидувам да го прифатам стареењето колку може побезболно, објаснува актерката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.