Шамар за опозициските медиуми: Груевски во САД на негова иницијатива, а не како што опишуваа дека е „итно повикан“

Три дена медиумите опозициските медиуми ширеа дезинформации дека ненадејната средба Груевски Бајден значи дека Вашингтон ќе бара одговори од Груевски за многу прашања, па тоа го поврзуваа со формирањето на техничката влада, договорот од Прижино и останати негативности кои што сакаа да ги препишат на контото на Груевски.

Но, демантот стигна од Американската амбасада, која е децидна дека средбите во Вашингтон, вклучително и со потпретседателот Бајден се на иницијатива на премиерот Груевски, пишува порталот „Курир“.

Порталот го пренесува прецизниот одговор од американската амбасада во кој се вели:

Владата на Република Македонија барала премиерот Груевски  да се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден за да разговараат за спроведувањето на договорот од Пржино, за безбедносни како и за останати прашања од заеднички интерес.

Америка е наш стратешки партнер

Оттука, како што посочува „Курир“, е јасно дека паѓаат во вода сите тврдења дека Груевски е итно повикан во САД и дека таквите средби се негативен знак за Македонија, туку токму спротивното, Бајден одговара на иницијативата на Груевски и дава позитивно светло за остварување на таква средба. Груевски веднаш по средбата соопшти- одлична и пријателска средба.

Средба Груевски Бајден во Вашингтон
Средба Груевски Бајден

На средбата, како што информира претседателот на македонската Влада се зборувало за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка, како и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период, изјави Груевски по средбата.

Груевски оствари…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.