Нов врел шамар за Заев од Израел

Порталот нагласува дека откако Шалом најпрво јасно во вторникот истакна дека тема на разговорите со Заев воопшто не биле внатрешните прашања на земјата, што ги опфаќа и бомбите на Заев,  посочувајќи јасно и недвосмилено „нема да се мешам во внатрешните прашања на вашата земја“, попладнево пристигна уште еден врел шамар за Заев.

Имено, телевизија Телма пред малку објави соопштение пристигнато од кабинетот на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел во кое се појаснува средбата која ја имал Шалом со македонскиот опозициски лидер. Во соопштението стои дека се работело за куса куртоазна средба со лидерот на опозицијата Заев што е нормално за две пријателски земји.

На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања, стои во соопштението кое го пренесе израелскиот амбасадор во Македонија Дан Орјан, објави Телма.

„Денешен“ пишува дека ова јасно и недвосмислено покажува оти Заев манипулира до тој степен што безочно ја лаже јавноста, а неговата лага е целосно разобличена. Со ова посетата на Заев се претвора во трагикомедија, чија цел има исклучиво домашна употребна вредност на прозирен политички маркетинг. Исто така, претставува значаен политички  и дипломатски скандал лажењето и пласирањето на различни информации од една иста средба, што исто така преставува навреда и неискрен однос кон државата домаќин.

Воедно, со ова се потврдуваат…