Нов врел шамар за Заев од Израел

Воедно, со ова се потврдуваат информациите кои „Денешен“ ги објави пред два дена, кога напиша дека не само што не станало збор за некакви бомби на средбата со израелскиот министер за внатрешни работи, туку Заев при првиот обид да отвори било каква политичка тема бил веднаш прекинат и прекорен од министерот Шалом со директна и јасна порака “нема да се мешам во внатрешните прашања на вашата земја”, по што Заев веднаш прекинал со зборување.

Дополнително, „Денешен“ пишуваше дека Заев бил повикан на еден вид на сослушување кај вториот човек на израелската тајна служба МОСАД каде бил прекорен за неумесноста на издавање на доверливи информации од значење за израелските безбедносни служби, како и за откривањето на идентитетот на израелскиот оперативец кој бил задолжен за спроведување на израелската донација на воена опрема за македонските безбедносни сили, со што била загрозена неговата безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.