Балкан

Самарас: Ципрас ја доведе Грција на колена

Самарас: Ципрас ја доведе Грција на колена
Самарас: Ципрас ја доведе Грција на колена

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, кој е претседател на главната грчка опозициска партија Нова демократија oбвини дека цврстиот став на Владата на Алексис Ципрас ја довел Грција на колена, пренесува Грик Рипортер.

– Ципрас ја доведе земјата во целосен ќорсокак. Помеѓу неприфатлив договор и излегување од еврозоната, рече тој.

Самарас ја критикуваше Владата по седницата на политичкиот совет на Нова деморкатија за прашањето за одржување референдум за понудата на кредиторите, кој Ципрас го закажа за 5 јули.

– Намерното одолговлекување на преговорите со кредиторите ја доведе земјата во неизвесност и ги откри плановите на власта за опслужување на интересите на драхмата, рече Самарас.

Тој нагласи дека на денешната вонредна седница на Парламентот неговата партија ќе гласа против организирањето референдум за предлогот на кредиторите.

Грчкиот Парламент денеска попладне ќе почне дебата, по која пратениците треба да се изјаснат во врска со одржувањето на референдумот.

Парламентот го објави на својата интернет страница дневниот ред, според кој гласањето е закажано за 19 часот по локално време.

Владата има мнозинство за усвојување на предлогот за одржување референдум.