Самарас е новиот херој на Грција

Со многу среќа и со голем судиски поклон, сомнителен пенал во 92 минута, репрезентацијата на Грција забележа минимална победа од 2:1 во дуелот против директниот ривал за втората позиција во групата “Ц”, селекцијата на Брегот на Слоновата Коска и обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда на Мундијалот во Бразил.

Грција дојде во водство во самиот финиш од првото полувреме со погодокот на Андреас Самарис, а претставникот на Африка израмни во 74 минута со погодокот на Вилфред Бони.
Во судиското продолжение напаѓачот на Грција, Гиоргиос Самарас изнуди сомнителен пенал и истиот го претори во погодок.
“Не сакам да зборам за некаква среќа, не сакам да ги слушам тие коментари дека ние сме биле посреќни. Единствената вистина е таа дека Грција беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот. Пропуштивме неколку чисти шанси, не знам колку пати ја погодоивме рамката од нивниот гол. Можевме и порано да го осигураме пласманот во следната рунда. Не се откажавме во ниту еден момент, бевме убедени дека ќе избориме пласман и тоа го направивме во последната минута”, изјави Самарас.