Балкан

Самарас ја откажа посетата на Азербејџан

Самарас ја откажа посетата на Азербејџан

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја откажа посетата на Азербејџан, каде што требаше да присуствува на потпишувањето на два договора, пренесуваат локалните медиуми.

Посетата беше откажана откако владиниот авион, со кој требаше да патува Самарас бил вратен назад во Атина, поради техничка неисправност.

Договорите што требаше да се потпишат беа за давање на лиценца на грчката гасоводната мрежа ДЕСФА на азербејџанската државна компанија СОКАР, а вториот договор беше наменат за изградба на гасовод за азербејџански гас преку Грција до Албанија и Италија.