Самарас како идеален партнер на Мирослав Клосе

Претседателот на италијанскиот калчолигаш Лацио, Клаудио Лотито, пред неколку дена изјави дека „светлосините” ќе бидат активни за време на зимскиот преоден рок и дека се потрага по нов напаѓач кој ќе му биде партнер на германскиот интернационалец, Мирослав Клосе.

Во овој момент, прв на списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на „Олимпико” за време на зимскиот преоден рок е бомбардерот на актуелниот шампион на Шкотска, Сектик, Гиоргиос Самарас.
Искусниот напаѓач можно е да добие зелено светло за промена на средината веќе во јануари, но заинтересираниот клуб, во овој случај Лацио, ќе мора да испрати официјална понуда не помала од 12 мил. евра.