Самарас му честиташе на Ципрас – Сириза е победник на изборите

Алексис Ципрас ќе биде новиот грчки премиер. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, победата на радикално левата партија Сириза веќе е извесна.
– Грција го остава зад себе штедењето кое што доведе до уништување. Пресудата на грчкиот народ недвосмислено ги откажува сите програми за штедење. Пресудата на грчкиот народ ја прати Тројката во историјата на нашата заедничка европска рамка, истакна Ципрас во победничкиот говор.
Премиерот во заминување Антонис Самарас, кој што телефонски му честитал на Ципрас, го призна поразот нагласувајќи дека сите треба да ја почитуваат народната волја.
 
 Грчкиот народ го кажа своето и сите ние ја почитуваме нивната одлука. Мојата совест е чиста, го избегнавме најлошото, го вративме кредибилитетот на земјата и ги поставивме основите за враќање кон растот, истакна Самарас.
 
По пребројани 50 проценти од гласовите, Сириза има убедливо водство од 36 проценти пред Нова Демократија која што досега има освоено 28 проценти. Трети се неонацистите од Златна Зора со 6, 27 проценти, а по нив се Потами со 5, 83 проценти. Најдоцна рано изутрина ќе бидат познати и конечните резултати кои што ќе покажат дали Ципрас ќе го освои потребното мнозинство од 151 пратеник за да формира Влада. Рокот за формирање изнесува 3 дена.
фото: greekreporter.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.