Самарас: Овие избори ќе ја одредат иднината на Грците и нивните деца

Лидерот на Нова демократија и актуелен премиер на Грција, Андонис Самарас по гласањето истакна дека овие избори ќе ја одредат иднината на Грците и нивните деца.

– Денеска одлучуваме дали ќе продолжиме со сила, безбедност и сигурност или ќе влеземе во неволја. Невидено голем број од граѓаните се уште се неопределени. Тие ќе бидат оние кои ќе го одредат резултатот. Јас сум оптимист и верувам дека никој нема да го загрози европскиот курс на нашата земја, посочил Самарас.