Самарас ветил дека 70 отсто од буџетскиот суфицит ќе биде наменет за населението

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска вети дека ќе додели две третини од големината на примарниот буџетски суфицит на Грција за 2013 година, за активности за поддршка на најпогодените лица од кризата, пренесе „АФП“.

Премиерот посочил дека за време на преговорите со Тројката кредитори, грчките власти се биле прашани дали ќе го користат примарниот суфицит за намалување на долгот или за грчкиот народ.

Како резултат на разговорите е одлучено 70 отсто од износот, што претставува стотици милиони евра, да бидат наменет за населението. Самарас истакнал дека главните придобивки од решението ќе добијат најпогодените од кризата, невработените и пензионерите со мали пензии.