Самарас: Во Грција нема неонацистички сили

Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера негираше дека во земјата има неонацистички настроени лица, опишувајќи ја поддршката за националистичката партија „Златна зора“ како израз на револтот на луѓето против големата невработеност, пренесе „АФП“.

За време на семинарот „Да си дозволиме демократија“, Самарас потсети дека Грција загубила околу 10 отсто од населението, токму поради нацистите за време на Втората светска војна.

„И во теорија и во пракса незамисливо и неприфатливо е во Грција да има неонацистички сили. Тие не постојат“, изјавил Самарас.